Со болка и почит беше одржана комеморативна седница за починатиот наставник Хазби Топојани (1974–2026), организирана од ОOУ „Хасан Приштина“ во соработка со Општина Чаир. На седницата, членовите на семејството, колегите, пријателите и претставниците на институциите се потсетија на неговиот живот и дело.
Директорката на ОOУ „Хасан Приштина“, г-ѓа Есма Фазлија, го истакна неговиот значаен придонес во образованието, додека колегата Џелал Рамадани сподели лични спомени. Во продолжение, г-ѓа Мјелма Гаши од Одделението за образование при Општина Чаир го нагласи неговиот институционален ангажман, вклучувајќи го и раководењето со Училиштето за возрасни „Антон Семејновиќ Макаренко“. Со пригоден говор се обрати и првиот заменик-претседател на Владата и пријател, г. Беким Сали.
На крајот, со посебни емоции, неколку зборови за својот татко сподели и синот на починатиот, Ермал Топојани.
Нека е вечен споменот за него.





