Во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на локалните заедници кон насилниот екстремизам во Северна Македонија (фаза 2)“, а се реализира во соработка помеѓу општина Чаир, Амбасадата на Обединетото Кралство и Centre for Common Ground, денеска нашите ученици: Еди Ќерими, Мифтар Руфати, Илза Халити и Ермал Топојани под менторство на на професорот по физичко образование и здравство Гезим Османи, ги покажаа своите вештини на младинскиот шаховски турнир во општина Чаир кој се одржа во ООУ „Адем Јашари“.
Ученикот Ермал Топојани го освои третото место на шаховскиот турнир од 40 учесници.