Ги зајакнуваме заштитните механизми против вирусот Covid 19 во нашето училиште! Од страна на општина Чаир се поставија заштитни паравани за учениците кои наставата ја следат со физичко присуство.
Директорката Љуљиета Ќерими заедно со министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу ја информиравме јавноста за проектот кој го реализира Општина Чаир преку поставување на заштитни паравани кои ќе бидат во служба на учениците од прво до трето, кои наставата ја следат со физичко присуство во овој период на модифициран едукативно – образовен процес поради пандемијата со вирусот Covid 19.
Целта на овој проект е да го подигнеме нивото на здравствена сигурност кај децата овозможувајќи поефикасна заштита од опасноста за инфицирање. Општина Чаир го има основен приоритет редовно одржување на основните училишта и во оваа мисија конструктивен партнер го има Министерството за Образование и Наука и приватните донатори со кои соработуваме.