Милаим Амети е еден од најуспешните млади економисти, дипломирал на универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Во моментов е дел од кабинетот на заменик премиерот за економски прашања, надгледувајќи ги структурните и реформите во управувањето.
Иако е многу млад, тој има 8 годишно искуство во Северозападна Стопанската комора на Македонија, најпрво како проект-менаџер, а потоа како оперативен директор каде раководеше со 7 донаторски проекти и 10 проекти во рамките на Стопанската комора.
Професионалните вештини се експертиза во управување со проекти, економска анализа, микроекономски стратегии и многу повеќе.
Во областа на истражувањето, Милаим е уредник на Е-билтенот за економска анализа и истражување „Економикус“ и одговорен за извештајот за глобалниот индекс на конкуренција во Македонија.
Емир е професионалец за стратегиски комуникации со искуство во медиуми, консултантски фирми, влада и меѓународни проекти.
Моментално е Координатор за Западен Балкан при Институтот за стратешки дијалог во Лондон. Пред ова, Емир беше Раководител за развој на програма на УСАИД НМСИ каде работеше на бројни проекти во соработка со граѓански организации, владини институции, медиуми итн.
Исто така служел како Посебен советник за меѓународни односи и комуникации на Заменикот претседател на Влада и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и во тој мандат Република Северна Македоника го доби полноправното членство во НАТО.
Во текот на својата кариера, работел за реномирани меѓународни консултантски агенции во САД и Катар како БЛЈ Ворлдвајд и Фентон и имал бројни престижни клиенти во глобалната фармацевтска индустрија, градежништвото, непрофитните организации и лоби групи.
Тој е исто така дел од првата генерација на средношколци кои заминале на размена во САД од Македонија со програмата YES.
Дипломирал на престижниот Џорџтаун универзитет во САД за меѓународни односи и течно говори албански, англиски, босански, македонски и француски.