Општинско основно училиште “ХАСАН ПРИШТИНА“ – Чаир ги известува родителите дека уписот на првачиња за учебна 2019/2020 година започнува од 06.05.2019 год.
Врз основа на член 45, 46 и 47 од Законот за Основно Образование (Сл.в. 103/08), во прво одделение може да се запишат деца кои до 31.12.2019 год. ќе наполнат 6 години.
Потребни документи:
- извод од матична книга на родени
- потврда за примените задолжителни вакцини на детето
- потврда од лекар-стоматолог од Поликлината “Бит Пазар“ одговорен за нашето училиште
- лична карта од родител-старател (за идентификација)
Уписот трае до 31.05.2019 год.
Ако во предвидениот рок не го запишете вашето дете, во согласност со претходно споменатите членови од Законот, училиштето ќе го извести Министерството за Образование и Наука на Р. Северна Македонија.