Спортските едукативни кампови се златна можност за во личноста на нашите деца да ја засадиме љубовта за спортот и здравиот физички развој.
Денес свечено во присуство на претседателот на Федерацијата на училишните спортови г-дин Саша Туфегџиевски, г-дин Бојан Марковски – претставник на Фудбалската Федерација на Македонија и посредник за проектот со најголемата куќа на фудбалот – УЕФА, техничкиот координатор на проектот на државно ниво г-дин Али Садетин – Сетко и легендите на домашниот фудбал, ми беше чест да го прогласам за официјално започнат проектот на УЕФА – спортскиот камп кој го препознава талентот и страста за фудбалот кај нашите деца и со ова ја креира новата генерација на спортската гордост за која Чаир е од многу одамна познат.
Дел од овој камп во сите негови фази ќе бидат талентираните ученици на овие основни училишта во нашата општина: “Лириа“, “Тефејуз“, “Исмаил Ќемали“ и “Васил Главинов“.