Продулжува соработката со партнер училиштето “Владо Тасевски“во проектот “Меѓуетничка интеграција во образованието” (МИО) поддржан од УСАИД.
Денес директорката Лулиета Ќерими и директорката од партнерското училиште Елка Даскалова го потпишаа меморандумот за продолжувањето на соработката за идните активности што ќе се спроведуваат во рамките на проектот “МИО“.
На состанокот учествуваа и координаторите на проектот Вјолца Шеху и Ангелина Димова од партнерското училиште.












