Tel: + 389 2 2621 055         e-mail: shf.hasanprishtina@yahoo.com
Info

Иинформации од јавен карактер

ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага ООУ “Хасан Приштина“ Скопје.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање. Писменото Барање може да се поднесе до ООУ “Хасан Приштина“ непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ООУ “Хасан Приштина“ (ул. Коста Абрашевич, бр. 7, 1000, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: info@hasanprishtina.edu.mk).
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Виолета Илиќ, контакт телефон: +389 2 2621 055
и е-маил: info@hasanprishtina.edu.mk

Барање за пристап до информации од јавен карактер

2019 Powered By S.A. By SHFK "Hasan Prishtina"