Во рамките на едукативната кампања на Центарот за управување со кризи, во ООУ „Хасан Приштина“ беше реализирана едукативна презентација за учениците, со цел тие да се запознаат со улогата и надлежностите на Центарот за управување со кризи, како и со правилниот начин на постапување во ситуации на пожар, земјотрес и други опасности.
За време на презентацијата, учениците беа информирани за:
• системот за управување со кризи,
• начинот на користење на бројот за итни случаи 112,
• правилното однесување во различни кризни ситуации,
• важноста на смиреното, одговорното и навременото постапување.
Презентацијата ја реализираа претставниците на Центарот за управување со кризи, Енисер Нуредини и Севим Јакуп, во соработка со наставниот кадар на ООУ „Хасан Приштина“.
Активноста имаше интерактивен карактер, при што учениците активно учествуваа со прашања, дискусии и практични примери, покажувајќи посебен интерес за темите поврзани со безбедноста, заштитата и постапувањето во итни случаи.
Центарот за управување со кризи посветува особено внимание на едукацијата на најмладите, оценувајќи ја како приоритет во градењето побезбедно и поподготвено општество. Преку ваквите активности се придонесува за развивање на свеста, одговорноста и правилните навики кај учениците уште од најрана возраст, со цел тие да знаат навремено и правилно да реагираат во можни кризни ситуации.





