Во нашето училиште, срцата зборуваа погласно од зборовите…
По повод Денот на Дауновиот синдром, нашите ученици, заедно со педагогшката служба и стручните асистенти, реализираа активност исполнета со бои, насмевки и искрени емоции.
Во секоја изработка, во секоја прегратка и во секоја насмевка беше пренесена една силна порака:
🌈 Сите сме различни, но еднакви.
Овој ден нè потсети дека љубовта, прифаќањето и почитта немаат граници.
Да продолжиме секој ден да градиме подобар, потопол и поинклузивен свет за сите.
🤍 Затоа што различноста е убавина… и секое срце заслужува да блеска.





