Денес, дел од учениците на нашето училиште кои беа успешни на општински, регионални и државни натпревари беа на средба со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу
И покрај тоа што поминуваме низ тешки пандемиски времиња, децата секогаш не прават горди. Денес, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу беше домаќин на ученици и ментори на основните училишта во Општина Чаир: „Хасан Приштина“, „Васил Главинов“, „Исмаи Ќемали“ и „Конгреси и Манастирит“, кои постигнаа многу успеси на регионални и државни натпревари и освоија прво, второ и трето место.






