Во склоп на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), компонента 3-обезбедување стимул на училишта /реновирање, од апликациите кои беа доставени на повикот за аплицирање во декември 2020 година, нашето училиште во соработка со општина Чаир од доставениот проект “реновирање на подови во училниците“ беше избран како еден од дванаесетте финансирани проекти на државно ниво.
Голема благодарност до сите вклучени чинители за оваа инвестиција од голема важност за нас.
