Училишен одбор

Членови на Училишен одбор

  1. Алберт Леши
  2. Мустафа Алили
  3. Селма Р. Мандал
  4. Илир Сопа
  5. Елзина Полику
  6. Алмира Мусиќ
  7. Метин Абдиу

Орган на управување на основно училиште
Член 106

  • Орган на управување на основното училиште е училишниот одбор.
  • Училишниот одбор на основното училиште е составен од седум члена и тоа: тројца претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите, односно старателите на учениците и еден претставник од основачот.
  • На седниците на училишниот одбор, се покануваат и во неговата работа учествуваат, без право на глас и двајца претставници на учениците избрани од ученичкиот парламент.
  • Членовите на училишниот одбор не смеат меѓусебно и со директорот на училиштето да бидат во роднинска врска по права линија во било кој степен, односно странична линија до трет степен за што сите членови потпишуваат изјава.
  • Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години, а мандатот на претставниците на родителите е за период до завршување на основното образование на нивното дете, но не подолго од три години.
  • Училишниот одбор од редот на своите членови – претставници од родителите, односно старателите избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови, по пат на тајно гласање.
  • Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
  • Директорот на училиштето не учествува во работата на училишниот одбор, но за работи кои се од значење за подобрување на воспитно образовниот процес во училиштето може да биде поканет од страна на претседателот на училишниот одбор, односно од страна на две третини од членовите на училишниот одбор.

Надлежност на училишниот одбор
Член 108

  • Училишниот одбор на основното училиште:
  • донесува статут на основното училиште,
  • предлага годишна програма за работа и извештај за работа на основното училиште до советот на општината, а државните основни училишта до Министерството,
  • донесува Развојна програма на училиштето,
  • предлага финансиски план до основачот,
  • предлага завршна сметка до основачот,
  • објавува јавен оглас за избор на директор во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Северна Македонија од кои еден од весниците кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик,
  • врши интервју со кандидатите за директор,
  • предлага на градоначалникот на општината односно на министерот еден кандидат од пријавените кандидати на објавениот јавен оглас за избор на директор,
  • дава предлог до директорот за избор на наставниците и стручните соработници,
  • одлучува по приговорите и жалбите на вработените во основното училиште,
  • одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на ученици и
  • врши и други работи утврдени со статутот на основното училиште.
  • Училишниот одбор на основното училиште за поднесените жалби мора да одлучи во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на жалбата.
  • Доколку подносителот на жалба е член на училишниот одбор истиот се иззема од процесот на одлучување по жалбата.