Учениците од нашето училиште учествуваа на работилницата „Детски парламент“, организирана од страна на Парламентарниот институт на Собранието на РСМ.
Активностите беа поделени на три сесии.
Првата сесија беше средбата со пратениците, каде учениците поставуваа прашања до пратениците.
Втората сесија беше презентација на постери подготвени од учениците со пораки до пратениците.
Третата сесија беше дебатата со тема „префрлување помеѓу класичните и електронските книги“
Учесници на работилницата беа: Алба Буши, Медина Хајро, Илир Османи и Џевџет Исмаили со менторот Ферди Бафтија.
</div>