SHFK "Hasan Prishtina" / ООУ “Хасан Приштина“
☎ + 389 2 2621 055
📧 info@hasanprishtina.edu.mk
понеделник, мај 18, 2026
  • Shqip
  • Насловна
  • Активности
  • За нас
    • Мисија и Визија
    • Училишен одбор
    • Совет на родители
    • Органограм
    • Услови во училиштето
  • Документи
  • Вработени
  • Контакт
No Result
View All Result
SHFK "Hasan Prishtina" / ООУ “Хасан Приштина“
No Result
View All Result
Home Известување

Упис на првачиња за учебната 2021/2022 година

SHFK "Hasan Prishtina" by SHFK "Hasan Prishtina"
02/05/2021
in Известување
0
Regjistrim në klasë të parë për vitin shkollor 2021/2022
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани родители, драги наши ученици

Ве известуваме дека оваа година уписот на првачињата за учебната 2021/2022 година ќе се реализира во согласност со новонастанатата состојба, поради светската пандемија од вирусот COVID -19.

Согласно член 60 од Законот за основно образование (Сл.в. 161/19 на РСМ) во прво одделение ќе бидат запишани сите деца кои до 31.12.2021 година (година на раѓање 2015 год.) наполниле 6 години.

** Во прво одделение, може да се запишат и деца родени до 31.01.2016 год., со претходно барање на родител / старател и мислење добиено од педагошката служба на училиштето.

Поради овие причини, уписот во прво одделение ќе биде на следен начин:

Сите заинтересирани родители / старатели можат да ја пополнат апликацијата онлине или www.uslugi.gov.mk, каде ќе добијат повратна информација за терминот на интервју со детето.

За родители / старатели кои немаат можност да ја апликацијата онлине, можат да дојдат во училиштето да ја пополнат пријавата и ќе им биде закажан терминот, секој работен ден од 09:00 – 14:00 часот, од 04-31.05.2021 г.

 

Потребни документи за упис:

  • Извод од матична книга на родените на ученикот копија

  • Потврда за примени задолжителни вакцини (издаден од надлежна здравствена установа)

  • Потврда од стоматолог (издаден од надлежна здравствена установа)

  • Потврда од офталмолог (издаден од надлежна здравствена установа)

  • Лична карта од родител/старател – на увид

    *** За учениците со посебни потреби е потребно и мислење/функсионален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здраствена поддршка според МКФ.

 

Документите мора да бидат доставени на денот на интервјуто со детето кое ќе започне на 4 мај според утврдениот термин.

 

За какви било дополнителни информации или нејаснотии можете да не контактирате преку е-пошта или телефон:

info@hasanprishtina.edu.mk                       02 2621 055 (09:00-14:00 часот)

 

Ви благодарам за соработката!

Од раководството на училиштето

Tags: првачињаупис
Previous Post

Уште еден успех на нашите ученици

Next Post

Директорката и градоначалникот на Општина Чаир го промовираа спортскиот тере

SHFK "Hasan Prishtina"

SHFK "Hasan Prishtina"

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пријави инцидент

РАСПОРЕД на одделенска настава

РАСПОРЕД на предметна настава

Приемен ден за родители

Категории

  • Активности
  • Известување

© 2026 SHFK "Hasan Prishtina"

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Активности
  • За нас
    • Мисија и Визија
    • Училишен одбор
    • Совет на родители
    • Органограм
    • Услови во училиштето
  • Документи
  • Вработени
  • Контакт

© 2026 SHFK "Hasan Prishtina"