Учениците од IV-1 и IV-5 одделение беа дел од меѓународната студија (TIMSS) по предметот математика и природни науки организирана од Државниот испитен центар
ТИМСС (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study) е меѓународната студија по математика и природна група предмети, која ги мери знаењата и способностите на учениците по математика и природни наука во четврто одделение.
Преку прашалниците за ученици, наставници и директори се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците.