На Меѓународниот ден на здравјето – 7️⃣ април, ученичката Елма Џафери, IX-то одд. со наставникот Илир Сопа, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и други ученици од основните училишта посетија три јавни здравствени установи кои се наоѓаат во општина Чаир.
Во оваа прилика сите ученици подаруваа слики кои ги подготвија во знак на благодарност за нашите херои – лекарите и целиот медицински персонал, кои продолжуваат да ја водат битката што започна пред повеќе од две години со пандемијата Ковид-19.
Сликите ги донираа на директорот на Гинекологија на Чаир „Мајка Тереза“, Башким Исмаили, на директорот на медицина на трудот, Азиз Максути и на раководителот на поликлиниката Чаир, Селајдин Мемети.
