Во рамките на проектот за „Мултиетничка Интеграција во образованието“(МИО), ООУ „Владо Тасевски“ од Општина Карпош беше домаќин на ООУ „Хасан Приштина“ од Општина Чаир.
Во оваа пригода основците од двете партнерски училишта организираа активности од областа на спортот, уметноста и музиката со чија реализација ја зацврстија на партнерската врска помеѓу себе.
Исто така, беше спроведена и заедничка работилница од областа на техничкото образование каде основците од двете збратимени училишта ги прикажаа сите вештини и способности од овој тип на настава.
Во овие активности на мултиетничко ниво, беа вклучени и ученици со посебни потреби кои допринесоа за поголем спектар на придобивки од МИО проектот.
Целта на оваа соработка и дружење е размена на искуства од воспитно образовниот процес како и дружење на децата и меѓусебно запознавање на обичаите. На истиот присуствуваа директорите на двете збратимени училишта, координаторите на СИТ тимовите како и членови и наставници од двете училишта.
Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука.