Почитувани ученици, наставници и родители
Денеска и официјално се поздравивме со учениците од IX-то одделение, една генерација која поради пандемијата еден дел од учењето ја следеа онлајн од дома и далеку од училишните клупи.
По овој повод како предлог од Наставничкиот совет беа доделени пофалници за истакнати ученици:
- Аниса Имери,
- Алмир Абдурамани,
- Веса Демири и
- Берина Хасиќ
Диплома за првенец на генерацијата и се додели на ученичката Лина Топојани.

На сите ученици им посакуваме здравје и успех во животот.