Директорката на училиштето Љуљиета Ќерими и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го промовираа спортскиот терен што младите од општина Чаир го претворија во вистинско уметничко дело.
Над 1030 ученици од ова училиште како и децата од околните населби ќе уживаат во овој спортски терен.
Двајцата млади Арта Ќерими и Јетмир Асани, носители на стипендија на “Lead master class programes”, беа иницијатори за целосна трансформација на овој спортски терен, додека на нив им се придружија и многу други млади лица од “Cair’s Youth artivists”.
Целта на проектот е ангажирање на младите да бидат поактивни во општеството во кое живеат и преку таквите активности да бидат тие што ќе ги направат промените.
Овој проект беше имплементиран преку мали грантови, за реализација на проекти за ангажман на млади финансиран од “USAID’s civic engagement project”.