Денес нашето училиште доби донација од 400 заштитни маски визир за учениците со физичко присуство (од 1 до 3 одделение) преку Општина Чаир од компанијата Зегин
По поставувањето на заштитни паравани во нашето училиште, овој пат како резултат на соработката на Општина Чаир со познатата фармацевстка компанија “Зегин“ и нејзиниот сопственик г-дин Благој Механџиски, Градоначалникот Висар Ганиу заедно со директорите ја примија донацијата од 4000 визир маски за потребите на учениците во основните училишта на територија на општина Чаир, кои наставата ја следат со физичко присуство



