Нашето училиште го означи почетокот на акцијата за генерално чистење во општината Чаир, каде што ќе се изврши рачно и машинско миење и метење на главните и на сервисните улици, како и отстранување на дивите депонии.
Како дел од акцијата, ЈП „Комунална хигиена“ во соработка со други институции ќе реализира активности за чистење на дворовите на сите образовни институции.
За учениците од V одделение беше организирана еко-манифестација и предавање за свесно и правично справување со отпадот.
Учесници беа градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, Заменик-градоначалник на Град Скопје, Енвер Малиќи, директор на ЈП „Комунална Хигиена“, Абдусамед Шабани и олимписка легенда за борење – Шабан Трстена
https://www.facebook.com/shfk.hasanprishtina/videos/381996095811496/