Почитувани родители, драги наши ученици
Согласно член 60 од Законот за основно образование (Сл.в. 161/19 на РСМ) во прво одделение ќе бидат запишани сите деца кои до 31.12.2023 година (година на раѓање 2017 год.) наполниле 6 години.
** Во прво одделение, може да се запишат и деца родени до 31.01.2018 год., со претходно барање на родител / старател и мислење добиено од педагошката служба на училиштето.
Уписот во прво одделение ќе биде секој работен ден од 09:00 – 13:00 часот, од 03-31.05.2023 г.
Потребни документи за упис:
-
Извод од матична книга на родените на ученикот копија
-
Потврда за примени задолжителни вакцини (издаден од надлежна здравствена установа)
-
Потврда од стоматолог (издаден од надлежна здравствена установа)
-
Потврда од офталмолог (издаден од надлежна здравствена установа)
-
Лична карта од родител/старател – на увид
*** За учениците со посебни потреби е потребно и мислење/функсионален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здраствена поддршка според МКФ.
Документите мора да бидат доставени на денот на интервјуто со детето.
За какви било дополнителни информации или нејаснотии можете да не контактирате преку е-пошта или телефон:
info@hasanprishtina.edu.mk 02 2621 055 (09:00-13:00 часот)
Ви благодарам за соработката!
Од раководството на училиштето